Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

3 дневна диета за детоксикација на организмот

Токсините стигнуваат до нашиот организам преку храната, воздухот, лековите и козметичките производи, па затоа не би било лошо еднаш во месецот да му помогнете да се избори со нив.

Доколку не му помогнете на време ќе почувствувате недостаток на енергија, проблеми со тежината, несоница, промена на расположението, болки во мускулите, алергии…

Што се препорачува за време на детоксикацијата?

Овошје: Јаболка, грозје, киви, лимон, јагоди и круши

Зеленчук: Артичок, цвекло, брокула, зелка, морков, целер, зелена салата, коприва и кромид

Диета за детоксикација

Секое утро испијте една лажица мелено ленено семе потопено во чаша вода. За време на детоксикацијата избегнувајте го кафето и засладените овошни чаеви.

1 ден

Наутро испијте чаша од 2dl топла вода со сок од половина лимон.

Во остатокот од денот јадете грозје или било какво сезонско овошје кога и да почувствувате глад. Дозволено е да изедете 1kg овошје по желба, но и да испиете минимум 8 чаши вода, билни незасладени чаеви од нане, камилица и ѓумбир, како и свежо цедени сокови од морков, целер и јаболки.

2 ден

Наутро испијте топла вода со сок од лимон, исто како и претходниот ден.

Остатокот од денот консумирајте доста вода, билни чаеви и сокови од зеленчук со вода (во размер 1:1). Минималната количина на течности се 8 чаши.

3 ден

За појадок јадете свеж зеленчук колку повеќе можете. Пијте вода и билни чаеви.

За ручек изберете 2-3 зеленчуци и направете салата. Ако не сакате свежа салата, тогаш смеете да го обарите на неколку минути. Не ги заборавајте течностите!

За вечера згответе чорба од зеленчук и повторно испијте уште неколку чаши вода и чај.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement