Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

12 интересни факти за јагодите!

Јагодите се единственото овошје чие семе се наоѓа на надворешната страна, припаѓаат на фамилијата рози и во Франција се служат како традиционален доручек на младенците

Доколку уживате во вкусот на свежите јагоди или сакате слатки со овој сочен овошен плод, ќе се воодушевите и на овие неколку интересни факти за нив.

jagode-1387888031-22670

1 . Јагодите се единственото овошје чие семе се наоѓа на надворешната страна. Во просек, секоја јагода има околу 200 семенки, зрнца.
2. Не се како боровинките или грозјето. Семето на бобинките се наоѓа во внатрешноста на плодот. Инаку, ботаничарите сметаат дека секое семе на јагодата е посебен овошен плод.

 

3. Припаѓаат на семејството рози. Слободно мириснете една китка јагоди, мириса еднакво убаво како и самиот плод.

cokolada-i-jagoda-na-crvenom-tanjiru-1390478242-24988

4. Јагодата е повеќегодишно растение. Можеби нема да даде плод првата година, но ќе даде 5 последователни години.
5. Во Белгија има музеј кој е посветен само на јагодите. Во продавницата на музејот “Le Musée de la Fraise” (Музеј на јагоди) можете да купите се што е посветено  на ова овошје, од џем од јагоди до пиво со вкус на јагода.
6. Во антички Рим јагодите се сметале дека имаат лековито дејство. Ги користеле за депресија, несоница, камен во бубрег, непријатен здив и запаление на грло.

7. Секс и јагоди?! Во Франција, каде што јагодите се сметаат за афродизијак, ова овошје како супа се служи за традиционален доручек на младоженците.
8. Јагодите го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и одредени карциноми. Ова сочно овошје содржи малку калории,  но и многу витамин C, B6, K, фолна киселина, калиум и амино киселина.

jagoda-1364896752-529

9. Содржат многу нитрати кои ја подобруваат циркулацијата на крвта и кислородот до мускулите. Луѓето кои пред било каква физичка активност јадат јагоди имаат поголема издржливост и согоруваат повеќе калории, докажани во повеќе истражувања.

 

10. Калифорнија произведува 80 проценти на јагоди во Америка. Тоа на годишно ниво изнесува преку 900 милиони килограми.

 

11. Добро измијте ги и одстранете им ги зелените дршки пред да ги складирате. Доколку ги јадете по неколку дена, немојте да ги миете и да ги ставите во фрижидер, така ќе се расипат побрзо.

 

12. Јагодите можат и да се маринираат. Ова овошје е уште подобро да се закисели кога е уште зелено. Ако се презрели, од нив можете да направите џем.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement