Ако работното место бара од вас да носите кошули, сакоа, пантолони…тогаш големи се шансите да си здодеавте сами на себе постојано вртејќи ги овие парчиња облека во круг.
Затоа модните уредници делат корисни и практични трикови со чија помош секогаш ќе изгледате шик во вашиот деловен аутфит.
Завиткајте ги ракавите…
Без разлика дали е во прашање сако или кошула, потребно е само малку да ги подвиткате ракавите и ви гарантираме дека ќе вашиот изглед ќе се промени.
Плус на овој начин вашиот стајлинг ќе го пренесете на повисоко ниво.
Овој трик на стилизирање на кошулата е типичен за успешните деловни дами.

Ставете го во панталоните само едниот дел од кошулата…
Исто така едноставен трик кој остава голем впечаток. Со оваа комбинација ќе си дадете доза на асиметрија.
Ставете го панталоните или сукњата само предниот дел на кошулата…
И на овој начин ќе постигнете доза на блага асиметрија, додека задниот дел слободно паѓа врз задникот.
Ќе добиете ноншалантен изглед кој одлично се сложува со било која гардероба без разлика дали е деловна или лежерна.

Подвиткајте ги ногавиците…
Ако сакате да носите фармерки, особено тесни тогаш го знаете трикот со подвиткување на ногавиците.
Тоа е нешто што сите модерни дами го практикуваат особено ако носат штикли бидејќи нозете така изгледаат подолги и потенки.

You must be logged in to post a comment Login