Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Лице

Како треба да го нанесете тушот за очи, зависно од нивниот облик?

Кога станува збор за тушот за очи, не постои форма на око на кој истиот не одговара и изгледа лошо.

kako-treba-da-go-nanesete-tusot-za-oci-zavisno-od-nivniot-oblik-001.jpg

Како и да е, постојат неколку трикови кои можат да ви помогнат и да го истакнат обликот на вашите очи подобро – па дури и да направат асиметричните очи да изгледаат симетрично.

Потребно е само да го пронајдете вашиот облик на очи:

Раздалечени очи

5-nacini-za-sovrseni-mackini-oci-spored-formata-na-vasite-oci-01

Раздалечените очи треба да изгледаат како да се поблиску едно до друго, а тоа може да се постигне со исцртување на внатрешниот раб на окото со остра форма во вид на солза.

Користете туш за очи со остра и тврда четкичка за да нацртате прецизна линија. За остатокот од окото, нанесете ја линијата што поблиску до вашите трепки и благо закосете ја на надворешниот агол од окото за да биде балансирана со внатрешната линија.
Очи закосени надолу

5-nacini-za-sovrseni-mackini-oci-spored-formata-na-vasite-oci-02

Ако очите ви се подуени или закосени надолу (или и двете), најдобро е да го израмните вашиот облик со храбри и флертувачки „мачкини очи“.

Вака нанесениот туш помага очите да ви изгледаат помалку отечено и визуелно ги подига. За да го постигнете овој изглед, потребна ви е црна кремаста сенка за очи и закосена четка со која ќе нацртате дебела линија.


Очи во форма на бадем

5-nacini-za-sovrseni-mackini-oci-spored-formata-na-vasite-oci-03

На бадемовите очи одговара секој изглед, затоа што имаат овален облик кој може да се истакне на многу начини. Ако сакате да пробате нешто различно, изоставете го очниот капак и посветете се на линијата под очите.

Користете мала закосена четка за да го нанесете тушот под очите и за да го закосите на краевите. Заокружете го изгледот со маскара или вештачки трепки за да изгледате поинакво и моќно.


Очи со спуштени капаци

5-nacini-za-sovrseni-mackini-oci-spored-formata-na-vasite-oci-04

Искористете ја црната сенка за очи во комбинација со туш. На горниот капак нанесете дебела линија сенка, а рабовите исцртајте ги со туш. Со закосена четка и црна сенка продолжете го исцртаниот дел, се до веѓите. Долниот дел од очите исто така нагласете го со црна сенка.

Во внатрешниот агол на окото може да додадете металик сенка и да постигнете изглед измеѓу зачадени и мачкини очи.


Мали очи

5-nacini-za-sovrseni-mackini-oci-spored-formata-na-vasite-oci-05

Во овој случај, сакате очите да ви изгледаат поголемо, па затоа мора да ја продолжите и проширите линијата на тушот. За да го постигнете ова, потребна ви е нежна четка за туш и црн туш за очи. Потребно е да го ставите акцентот кон надвор наместо кон внатре.

Ако сакате очите да ви изгледаат уште поголеми и посветли, ставете молив за очи во крем боја на долната линија од очите и нежна кафена сенка која почнува од половина на очниот капак.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement