Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Овие фустани ќе бидат главниот тренд за следната сезона

Еден од најголемите трендови за следната сезона ќе бидат елегантните свилени фустани кои потсетуваат на ноќници.

Овој тренд своите почетоци ги најави уште во 2015 година (сетете се само на малиот црн фустан од „Louis Vuitton“ што го носеа Викторија Бекам и Кејт Мос претходното лето). Следната сезона пак, овој тренд ќе биде еден од главните ако судиме според она што го видовме во колекциите за пролет/лето 2016 на познатите дизајнери. Станува збор за грациозни, нежни и неодоливи модели кои можеме да ги носиме на најразлични начини и кои се совршен избор за летниот период. Кроевите се лежерни, ја следат линијата на телото и имаат лелеав крој во делот на здолништето. Вакви „slip“ фустани претходната сезона носеа Викторија Бекам, Кејт Мос и Никол Ричи во елегантна варијанта и во комбинација со сандали со високи потпетици или со класични салонки. Овие фустани се маст хев за следната пролет, па доколку сакате да бидете во чекор со трендовите, и притоа да бидете во центарот на вниманието, пронајдете го вашиот омилен модел и збогатете ја со вашата летна колекција во плакарите. Погледнете и инспирирајте се од најпознатите дизајнери и бидете подготвени за следната сезона.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement