Доколку порано носевме волнени ракавици, кои најчесто беа исти со капата и шалот, денес дизајнерите воведоа една сосена нова мода.
Секако тоа не ни пречи, бидејќи ќе имаме уште една причина за излегување во шопинг. Внимателно одбраните ракавици ќе направат да изгледате во тренд но и да ја зачуваат кожата од пукање.
Кожни ракавици
Кожните ракавици не се нешто ново на модната сцена. Но, тоа не значи дека се помалку модерни. Не само што штитат од студ, туку навистина убаво изгледаат. Комбинациите со кои можете да ги носите се неограничени. Белите како на Rihanna одлично се вклопиле со нежниот фустан.
Ракавици без прсти
Ракавиците без прсти се за девојките кои сакаат да изгледаат како рок ѕвезди. Не можете да ги комбинирате со елегантни фустани, но затоа одлично стојат со џинс. Одлични се за навечер, но да се разбереме, треба да знаете како да ги носите.
Ракавици од детството
Нема причина да ги заборавите ракавиците кои ги носевте како мали. Без прсти, освен она за палецот, изгледаат симпатично за во ладните зимски денови, кога сакате да излезете на прошетка во послободна комбинација.
Класични зимски ракавици
Нормално дека зимата не може да помине без дебелите, волнени ракавици. За полесно да ги комбинирате купете си со класична црна боја која на се стои, или пак купете ги според бојата на капутот.
Грејачи за раце
Изборот на грејачи за раце е голем. Од нежни, везени со циркони, па се до памучни и оние со мека волна. Навистина се интересен додаток кој може да ви послужи во повеќе ситуации.
Гламурозни ракавици
До пред некое време не можеа да се најдат никаде, но конечно се достапни и во нашите бутици. Изгледаат гламурозно за вечерните излегувања. Направени од сатен се одлични за прославување на претстојните празници

You must be logged in to post a comment Login