Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Што прави вашата кожа додека спиете?

Најголемиот дел од козметичките компании имаат линија за дневна и ноќна нега. Со исклучок на кремовите на заштита од сонце, зошто кожата треба да се третира поинаку преку ден и ноќ? Дали навистина има разлика помеѓу дневните и ноќните производи?

Кожата е комплексен орган кој функционира како телесен часовник со 24-часовен ритам кој влијае на дерматолошките функции, попаметна е од што мислите и има различни потреби во зависност од добата во денот.

Во текот на денот кожата има заштитна функција, бранејќи не од влијанија како сончевите зраци и оксидацијата, а навeчер вашиот имунолошки систем функционира со максимален капацитет и вашата кожа е во фаза на „поправање“, регенерирајќи ги клетките и хранејќи се со кислород и хранливи материи. Од 23 часот до полноќ, клеточната митоза на кожата достигнува максимум, без разлика на тоа дали сте будни или спиете. Сепак, ако успеете да воспоставите рутина на спиење и целите да заспивате секоја вечер во исто време, најдобро ќе го регулирате здравјето на вашата кожа.

Ова значи дека состојките кои ги ставате на лицето наутро – антиоксиданси, заштитен фактор, хијалуронска киселина – треба да играат улога на штит против загадувањето, температурите, ветерот и сонцето. Состојките пак кои ги ставате навечер – ретинол, ниацинамид, витамин Ц – треба да ја третираат штетата причинета од овие фактори.

Во периодот кога клеточната митоза е на највисоко ниво дерматолозите препорачуваат комбинација на алфа и бета хидроксилни киселини. Тие имаат различни механизми со кои го отстрануваат горниот слој на кожата. Бета хидроксилните киселини ги раскинуваат врските помеѓу клетките, додека алфа хидроксилните киселини ги поттикнуваат клетките да се отцепат. Овој чекор на неутрализација е важен бидејќи ѝ дозволува на кожата да се врати во нормала. Миксот на двете киселини делува најефективно и нежно на вашата кожа, дозволувајќи ѝ слободно да дише во текот на ноќта и да минува низ својот природен регенеративен процес.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement