Ако модата е позната по нешто, тоа се многуте модни правила за што е дозволено, а што е забрането. Не носете бело од глава до пети. Одбегнувајте облека со хоризонтални риги. Секогаш сè мора да е во тон. Може да стане прилично здодевно, особено за оние кои ја користат облеката за креативно да се изразат.
Па, во новата 2016, решивме да бунтуваме! Прочитајте ги следните 15 модни правила кои сме подготвени да ги прекршиме во новата година!
Чорапите никогаш не смеат да се гледаат
Покажете ги во пар со салонки или сандали. Направете неочекувана промена на еден класичен изглед.

Сè мора да биде во тон
Ригите, леопардскиот принт и полка-точките веќе се сметаат за неутрални. Носете ги со други интересни дезени за да го разиграте вашиот аутфит.
Кошулата може да се носи само на класичен начин
Врзете ја под градите, околу половината, носете ја како фустан: има милион начини како да го комбинирате ова класично парче. Бидете креативни и пробајте нешто ново!

Брендовите не се важни
Купувањето нова облека која не е од познат дизајнер е популарен и паметен тренд – сè уште ќе бидете модерни, а нема да банкротирате. Дури и познатите личности носат гардероба од Зара или чевли од Алдо.
Можете да носите фустани и здолништа исклучиво со високи потпетици
Одлучете се за кежуал варијанта со кул патичиња.

Градникот не треба да се гледа
Ако вашата кошула е поширока, или проѕирна – не паничете. Комбинирајте ја со тантелен или градник во боја кој ќе ѕирка под вашата облека, и создадете секси (но пристоен) изглед.
Одбегнувајте облека во бела боја, особено во зима
Белата боја е многу тренди оваа сезона, па не ги прескокнувајте белите панталони и здолништа.

Никогаш не носете хулахопки во боја
Одморете се од обичните црни хулахопки, и одлучете за друга боја, како темноцрвена или тегет.
Костумите се само за во канцеларија
Од црвениот тепих до љубовни состаноци, костумите станаа замена за супер-женствените фустани. Носете ги со шарена маичка за секојдневен изглед, или изоставете ја маичката и покажете го вашиот тантелен градник.

Панталоните со прерамки се за деца
Како и комбинезоните, ова парче облека ќе ве направи модерни за миг, со обични маички за летна, или џемпери за зимска варијанта.
Металик изгледот е само за навечер
Светките и златните детали изгледаат интересно и преку ден, а и ви помагаат да привлечете внимание и да се издвоите од толпата.

Купете квалитетен оригинал, наместо евтина копија
Без разлика дали станува збор за торба која долго сте ја посакувале, кожена јакна, или пар класични салонки, понекогаш вреди да платите повеќе за да добиете нешто подобро. Со цената добивате и подобар материјал и поголем квалитет, па ова парче облека веројатно ќе ви трае со години.
Што се однесува на накитот – повеќе е повеќе
Ставете повеќе накит – особено прстени! Ќе изгледате рокерски, но и гламурозно.

Жените со облини/ниските/високите и сл. жени не смеат да носат одредени парчиња облека
Заборавете ги правилата – сè зависи од тоа како облеката ви стои. Можете да носите и чизми над колена, и комбинезони, и облека во риги, само најдете го моделот кој ви одговара. Можете да се инспирирате и од вашите омилени модни блогерки.
Фрлете ја облеката ако не сте ја носеле подолго од шест месеци
Секој познат стилист се согласува: ако облеката сè уште изгледа добро, но мислите дека не е модерна, зачувајте ја. Никогаш не се знае кога ќе се врати во мода или како ќе можете да ја искомбинирате.


You must be logged in to post a comment Login