Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Клучни модни трикови на дамите со стил

Не е дека постои некој таен список на работи до кои се придржуваат жените со стил, а кој се пренесува од генерација на генерација, но сепак постои нешто што тие го знаат, а другите не. Ова се клучните трикови на модните и стилските икони на денешницата:

1. Дајте си доволно време

Ако ви е тешко да се разбудите, а веднаш по станувањето не сте премногу креативни, не се ни обидувајте да изгледате совршено. Станете 20 минути порано, или дури и 40 ако планирате да се туширате и да ја поттикнете вашата креативна енергија.

2. Комбинирајте

Оние дами кои се осудуваат да мешаат висок и низок стил во својот моден израз секогаш постигнуваат најдобри резултати. Дизајнираната гардероба од глава до пети не е некаква наука, тоа го може секој, но ако си поиграте со класичните парчиња и оние кои се на распродажба, тоа значи дека вие знаете како треба…

3. Секое утро проверете го времето

Апликацијата на мобилниот телефон која известува за временските прилики треба да ви биде најдобар пријател. Никој не сака да се поти во капут на 25 степени или да се смрзне до коски во сандали на студено време, па така на никому нема ни да му се допадне вашиот стил ако не е соодветен на приликите на кои се носи.

4. Дали вашиот орман е среден?

Можеби некој може да работи во услови на т.н. креативен хаос, но на дамите со стил им се советува среден орман во кој лесно може да се пронајде она што им е потребно. Сите здолништа на едно место, а кошули на друго значи дека веќе визуелно можете без пробување да ја комбинирате гардеробата. Така ќе ги пробувате само одбраните комбинации, а тоа ќе ви заштеди време и живци.

5. Мора да постои план Б

Животот е таков и не е реткост вашиот план А да не успее, но кога секогаш имате спремен план Б, односно – чисто, суво и испеглано, комбинација која знаете дека ви стои беспрекорно, тогаш сте совладале важна лекција на дамите со стил, бидејќи секоја од нив има барем една беспрекорна модна резерва.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement