Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Рецепт: Домашен лек од невен за спас на сувата и оштетена кожа

Доколку вашата кожа е многу сува, или пак страда од благи форми на дерматитис, псоријаза или егзема, подгответе си го овој домашен лек од невен.

Невенот е билка која веќе со децении се користи како лек за проблематичната кожа. Искусните билкари велат дека целото растение е неверојатно лековито, но за правењето на оваа маст за нега и лекување на кожата, најчесто се користи само цветот.

Подготовка:

Растопете еден килограм домашна свинска маст и кога ќе започне да врие додадете две шаки лифчиња од невен. Оставете ја смесата на оган се додека невенот добро не се запржи. Тргнете го садот од оган, преклопете го со памучна крпа и оставете да отстои 24 часа. Утредента повторно стопете ја маста на оган, па смесата продецете ја низ цедилка за да ги отстраните ливчињата од невен. Маста чувајте ја во стаклена тегла во фрижидер.

Премачкувајте ги сувите места на кожата два пати на ден, најдобро наутро и навечер. Кожата ќе стане мека и блескава, а промените при поблагите видови на егзема ќе бидат помалку видливи. Препорачливо е и за лица со псоријаза, но само за ублажување на симптомите, односно за омекнување на површинскиот слој на кожата. Исто така, оваа маст е добра и доколку во моментот немате некаков лосион или крем за нега на телото.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement