По нешто повеќе од дваесет години работа и усовршување на диети и методи за детоксикација, нутриционистката Ен Луис Гитлеман повторно ги израдува сите поборници за здрав живот.
64 – годишната авторка на триесетина книги, кои вклучуваат револуционерни диети и совети како на заморениот организам да му ја вратите виталноста, овој пат осмисли детоксикациски план кој го вклучува таканаречениот чудотворен пијалок.
Пијалокот со црвена боја, чии основни состојки се сок од брусница, ѓумбир и лимон, ќе му даде на црниот дроб нов живот, ќе го исчисти од токсини и со самото тоа ќе ја подобри работата на целиот организам. Имено, црниот дроб е најголем внатрешен орган кој ја прочистува крвта, ги регулира шеќерите во крвта и на крајот помага и во складирањето на маснотиите, односно производството на протини.
Секој чаша вино, кафе, или некој облик на индустриски произведена храна му задаваат на овој орган кој е сместен на десната стомачна шуплина тежок удар, иако на сите ни е позната неговата способност за регенерација. Затоа немојте да дозволувате црниот дроб сам да го носи теретот на модерниот живот, туку посегнете по чудотворниот напиток и помогнете му во прочистувањето од токсини.
Овој прехрамбен план, кој го смислила Гитлеман, добар е затоа што е применлив во секојденевниот живот, кој вклучува безброј активности- од работа па преку грижа за децата и шопингот. Пред самото детоксицирање потребно е да се спроведе седмодневен режим на исхрана кој вклучува многу овошје и зеленчук кои го чистат дебелото црево од токсини и го припремаат црниот дроб за еднодневниот пост кој следи. Осмиот ден е резервиран за пост кој вклучува исклучиво конзумирање на вода и од чудотворниот пијалок, чиј рецепт можете да го прочитете подолу. По чистењето на нечистотиите следи тродневно прилагодување и враќање во „нормала“ до која од голема помош ќе ни бидат и пробиотици- ферментирани намирници кои ги поддржуваат бактериите кои му се потребни на вашиот организам за да тој успешно ги синтетизира витамините и да го задржи имунитетот.
Состојките за овој пијалок се :
2 литри вода од брусница
½ лажица мелен цимет
¼ лажица иситнет ѓубмир
¼ лажица мускантен орев
¾ шоља свежо исцеден сок од портокал
¼ шоља свежо исцеден сок од лимон
Стевиа (1-3 парчиња)
Подготовка:
Сварете ја водата од брусница и намалете го огнот за да ги додадете останатите зачини. Се заедно варете уште 15 минути и оставете да се олади на собна температура. Измешајте го сокот од лимон и портокал и додадете ја стевијата. Ставете во фрижидер.
Тајната на чудотворниот пијалок се крие во сокот од брусница- ефикасен антиоксиданс, зачините кои ја намалуваа гладта и во сокот од портокал и лимон кој представува права витаминска бомба во брбата против маснотиите.

You must be logged in to post a comment Login