Покрај белиот рафиниран шеќер, голем дел од кафулињата често нудат и кафен шеќер. Златестите кристали стакувани во кафени кесички некако не наведуваат да мислиме дека овој шеќер е поздрав од белиот шеќер, кој во последно време има лоша репутација.
Произведувачите на кафен шеќер не предупредуваат дека белиот шеќер се произведува со рафинирање на шеќерната трска, со што се отстранува меласата, а некои нутриционисти велат дека малите дози на микронутриенти во кафениот шеќер која ја содржи оваа состојка обезбедуваат здравствена предност над белиот шеќер. Кафениот шеќер исто така е и поскап, бидејќи низ светот веќе е практика се што се смета за поздраво да биде и поскапо.
Па дали кафениот шеќер е навистина ги има овие доблести? Имено кафениот шеќер, исто како и белиот се прави од шеќерна репка. Главната разлика меѓу двата вида на шеќер е тоа што во процесот на производство сокот од шеќерна репа кај белиот шеќер се центрифугира со цел да се отстрани меласата, така што производот се дели на бели кристали и меласа. Меласата, која отсуствува кај белиот шеќер на кафениот му дава вкус и текстура, како додаток на слаткоста. Во однос на калориите и составот и двата шеќери се идентични. За меласата, пак, во досегашните истражувања се уште е се докажано дека има потврдени здравствени придобивки.
Процесот на производство на шеќер можете да го видите во видеото прикажано подолу:
Како да направите сами кафен шеќер?
На сите ни се случило да сакаме да пробаме да направиме некој нов рецепт, но да немаме кафен шеќер дома. Секако можете да ставите бел шеќер, но поради присуството на меласа кафениот со својата посебна тесктура дава и поинаква текстура, кога на пример се прави некое тесто. За да немате ваков проблем во иднина можете да се обидете самите да си направите кафен шеќер. Подготовката е исклучително едноставна.
За да направите свој кафен шеќер потребна ви е една шолја бел шеќер и една лажица меласа. Меласа е густа и слатка смеса добиена од шеќерна трска, која се јавува како нус производ при производството на кристалниот бел шеќер. Меласа може да се најде во повеќе од продавници за здрава храна. Мешајте ги меласата и белиот шеќер со електричен миксер се додека белиот шеќер не добие кафена боја. Во зависност од тоа дали сакате светло кафен или темно кафен шеќер, можете да додадете уште една лажица меласа. Вака добиениот кафен шеќер можете да го користите веднаш или да го ставите во посуда за шеќер.


You must be logged in to post a comment Login