Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Знаете ли што ќе ви се случи доколку голтнете мастика?

Сигурно досега ви се случило случајно да ја проголтате мастиката за џвакање. Најверојатно сте се запрашале дали е тоа здраво и дали може нешто да ви се случи? Дали навистина ќе бидат потребни 7 години за да помине низ вашиот систем за варење? Дали мастиката навистина може да се замота околу срцето и желудникот?

Не грижете се, бидејќи сите овие набројани „опасности“ се всушност само митови. Вистина е дека дел од гумата за џвакање се состои од смола, масти, емулгатори и восок кои не се сварливи состојки, меѓутоа човекот во текот на животот јаде и многу други несварливи работи, но желудникот сепак излегува на крај со тоа. Несварливите делови од гумата за џвакање, едноставно ќе се истуркаат низ вашиот систем за варење, сѐ додека на крај буквално не излезат од организмот.

Меѓутоа, доколку во краток временски период сте проголтале неколку мастики, можно е да настанат некакви проблеми, бидејќи системот за варење не би можел толку брзо да го изврши туркањето, па може да дојде до блокада на целиот процес на варење. Тоа најчесто се случува кај децата, а во ваквите случаи е потребна лекарска интервенција. За среќа, тоа ретко се случува, па затоа следен пат кога случајно ќе ја проголтате вашата мастика на јаве или на сон, не грижете се – системот за варење ќе се погрижи за сѐ.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement