Се вели дека се учи од искуството вклучувајќи гии грешките, а сосема е нормално да правиме грешки и донесуваме лоши одлуки во првата подолга/посериозна врска. Ова се најчестите грешки што луѓето ги прават во првата посериозна врска.
Запоставување на пријателите
Речиси сите луѓе во одредена фаза од првата сериозна врска, ја прават оваа грешка. Да, ќе сакате да поминувате повее времесо партнерот, но ако пропуштите нешто важно како роденден или важна дружба, значи дека одите во погрешна насока – без разлика дали тоа е по ваша иницијатива, или по иницијатива на партнерот, ова однесување не е здраво. Пријателите и семејството не се тука само додека најдете партнер, туку за цел живот.
Споредување на врските
Важно е да запаметите дека вие и вашиот партнер никогаш нема да ги правите нештата исто како некој друг пар, бидејќи секоја личност има различен карактер, дневна работа, хобија, финансии и слично. Фокусирајте се на она што вие го партнерот го имате и градите и потрудете се тоа да биде најдобро што може.
Напорно туркање напред
Врските не се лесни бидејќи се базираат на љубовта – што е едно комплексно чувство, но не треба да бидат мачни и комплицирани. Затоа не се обидувајте да ја направите врската во нешто што вие сте го осмислиле и фокусирајте се на љубовте и подобро запознавање на личноста
Непочит кон партнерот
Како и во секој однос, така и во љубовната врска треба да го почитувате партнерот и да не бидете себични. Наместо да ги ставате вашите потреби и желби на прво место, обрнете внимание и на туѓите. Почитувајќи ја личноста и нејзините одлуки ќе придонесете за здрава и долга љубовна врска.
Недостаток на внимание
На секому е потребно внимание од партнерот, кое што може да се покаже за почеток со честа комуникација. Доколку не одвојувате време да разговарате со партнерот може да има лоши последици. За бидете нерасположени, со тек на време огорчени и да ја изгубите блискоста и интимноста со другата личност.
Не разговарање за важни работи
Комуникацијата е клучот за среќна и здрава врска и тоа треба постојано да се потенцира. Особено е важно да дискутирате за битни теми со партнерот, за да го запознаете подобро партнерот и да знаете што ве очекува од него во иднина. Ако има некоја работа што навистина ви смета кај него, разговарајте за истата на време, додека не биде доцна и прерасне во проблем.
Посесивност и љубомора
Иако не поминува секој пар низ ова, сепак се случува во некои врски и остава негативни последици. Доколку едниот партнер е премногу љубоморен и посесивен, ќе направи другата личност да се чувствува како да не е почитувана и вистински сакана. Важно е да се реагира на време ако забележите дека вие или вашиот партнер почнувате да се однесувате така. И најlошото е што може да заврши со контра ефект – личноста да избега што подалеку од вас и вашите стеги.
Градење на врската на нешто тривијално
Сексот, финансиската состојба или изгледот се плитки нешта, кои се тривијални кога станува збор за избор на партнер за љубовна врска. Овие нешта не се цврста основа за градење на нешто убаво, суштинско и долготрајно, бидејќи со текот на годините се менува или исчезнува. Затоа е важно навистина да ја сакате личноста со која почнувате врска, бидејќи тоа е суштината на она што ќе остане вечно

You must be logged in to post a comment Login