Изборот на облеката влијае на тоа како изгледаме во очите на другите. Секојдневно се соочуваме со дилемата што да облечеме, а тоа да биде комбинација од модерно, удобно и паметно. Едно истражување на оваа тема, дефинитивно ќе ви биде од помош.
Имено, во истражувањето учествувале 1000 луѓе од Британија кои биле запрашани како гледаат на бојата на облеката и карактерните особености, односно која боја ја асоцираат со најпозитивни карактеристики.
Според истражувањето, црната боја се најде на првото или второто место на сите позитивни карактеристики, како интелигенција, самодоверба и сексапил.
Како најинтелигентни личности биле забележани оние кои носеле црно, потоа сино и бело. На сосема спротивната страна пак, се розовата, портокаловата и жолтата боја – розовата е бојата која најмалку се поврзува со интелигенција.

Кога станува збор за привлечност, мажите одличиле дека жените изгледаат најсекси во црно, додека пак жените дека мажите изгледаат најсекси во црвено, а потоа во црно.
Генерално, истражувањето покажа дека доколку имате важен деловен состанок, интервју за работа, дејт и слични важни настани носете црно – како што претходно увидовте истото ќе направи луѓето да ве исперцепираат како личност со комбинација од најдобрите квалитети.

You must be logged in to post a comment Login