Реси! Чанта со реси, кожена јакна со реси, сукња со реси, чизми со реси па дури и фармерки со реси.
Имате ли веќе во шкафот барем едно парче со реси кое може да го носите оваа есен. Марама со реси на пример? И тоа е доволно. Може да ја искомбинирате со нов пар чизми со реси или зошто да не, со фармерки со реси (кои сами може да ги додадете).
Чантата со реси пак, совршено оди со кожена јакна со реси.
Што повпечатливи и подолги реси, тоа подобро.
Може да се и шарени реси…, или реси во силна боја.
А, може да биде и само една алка (или обетки) со реси за изгледот да е комплетен.
Ние сме „за“ ресите, на сите можни начини.
Едноставно, ги обожаваме!









You must be logged in to post a comment Login