Доколку поради жештините косата Ви стане беживотна и мрсна, а врвовите суви, еднаш неделно мијте ја со шампон за длабинско чистење, а регенератор нанесете само на врвовите. Ако ниту тоа не помогне, нанесете спреј за волумен.
Регенараторот, но оној хидртантниот, ја спасува фризурата дури и ако неа ја расипуваат влагата во воздухот. Колку е посува косата, толку повеќе ќе се витка. Нанесете регенератор и ставете капа за да не се шири косата додека се суши. Ако е предоцна и косата веќе започнала да се витка, со мокра рака поминете преку кадриците и израмнете ги.
Пред одењето на плажа внимавајте и на бикини зоната бидејќи може да се појави осип. Затоа секогаш употребувајте нов брич, а наместо сапун ставете гел. Пред бричењето оставете гелот да делува неколку минути, за да ги омекне влакната. Доколку е предоцна за сево ова, делот зафатен од осипот намачкајте го со хидро-кортизонска крема, а црвенилото покријте го со тонирана крема.
Жештината исто така е голем непријател на плускавците. Затоа намачкајте ги стапалата со пудра за да го намалите потењето или залепете фластер за да го спречите појавувањето на плускавците. Доколку веќе ви се појавиле меури, пукнете ги со игла потопена во алкохол или нанесете антибактериска маст и залепете фластер.
И карминот не ја поднесува добро жештината, па затоа на плажа подобро носете сјај за усни.
И ноктите поминете ги со крема за сончање
За да спречите розевите и кремавите лакови за нокти да пожолтат на сонце, намачкајте ги ноктите со крема за сончање или пак нанесете проѕирен заштитен лак.
Уживајте на сонце без траги од наочари
Доколку не сакате да изгедате како ракун по носењето на наочари за сонце, задолжително нанесете крема за сончање со фактор 30 на лицето. Но, доклку веќе имате такви траги, прикријте ги со подлога или пудра и добро размачкајте за да се добие подеднаква боја насекаде.
За да не Ви се размачка шминката и коректорот да не Ви влезе во порите, во лето најдобро е да употребувате подлога или пудра со минерали, бидејќи ќе го впие маслото, а кожата ќе изгледа свежо.

You must be logged in to post a comment Login