Женската облека треба да се прилагодина годините, смета поголемиот број од припадничките на поубавиот пол. Според нив, жените постари од 47 години не би требале да носат дводелно бикини на плажа, бидејќи изгледаат непримерно.
Анкетата на компанијата Diet Chef која опфатила повеќе од 2000 жени на возраст од 18 до 65 години покажала дека ставовите на жените во однос на носењето на мини сукњи се уште поригорозни и дека не би требало да ги носат оние постари од 35 години, а во кондури со високи штикли не би требало да се појават оние постари од 51 година.
Околу 44% од жените редовно се грижат дали се „престари“ за некои модни комбинации, но сепак половина од нив сметаат дека жените со витка и атратктивна фигура можат да си дозволат носење на попровокативна облека.
Околу 10% од нив барем еднаш вратиле купена облека, бидејќи сметале дека не е примерна за нивните години, а 5% од жените на истото биле предупредени од продавачките.
Еве што и до кога може да се носи според мислењето на жените:
1. Маичка без прерамки – 33 години;
2. Кожни панталони – 34 години;
3. Мини сукња – 35 години;
4. Пирс на папокот – 35 години;
5. Проѕирни маички или кошули – 40 години;
6. Тесни тренерки – 44 години;
7. Танга – 45 години;
8. Дводелно бикини – 47 години;
9. Високи чизми над коленици – 47 години;
10.Штикли – 51 година;
11.Репче – 51 година;
12.Долга коса – 53 години

You must be logged in to post a comment Login