Времето е идеално за да ја доведете вашата линија до пефекција. Не дозволувајте вообичаените оправдувања да ве спречат во тоа!
Изговор: Не сакам да си ја расипам фризурата
За да спречите косата да ви изгледа неуредно по тренингот, дури и покрај потењето, можете да ги примените следните трикови:
- Направете извиткана пунџа на темето на главата и обвиткајте ја со дебела, памучна лента. На тој начин ќе спречите косата да се прекрши како кога е врзана со еластично ластиче. Кога ќе ја пуштите косата по тренингот, ќе имате убаво обликувани брановидни прамени.
- За да го спречите виткањето на прамените околу челото поради потењето, на главата ставете лента од фротир која ќе ја впива потта.
Изговор: ако вежбам наутро, ќе задоцнам на работа
Кога ќе завршите со вежбање, скратете го процесот на подготовки за во канцеларија.
- Паметно одберете го местото што ќе го заземете во вежбалната. Секогаш трудете се да вежбате на справите кои се најблиску до вратата, за да го избегнете чекањето во ред за туширање потоа. Кога ќе завршите со последната вежба, прескокнете го истегнувањето и одете во бањата.
- Немојте да ја миете косата во фитнес центарот. Едноставно, ако е мокра од потта исушете ја со фен и ставете шампон за суво перење. Ова ќе ви заштеди многу време, а фризурата ќе ви изгледа сосем добро.
- Нанесете шминка со прстите. Понесете со вас препарати кои можете да ги нанесете на лицето едноставно и брзо. Пет производи се сосем доволни, а тоа се: BB или CC крема, кремаста сенка за очи, кремасто руменило,кармин и маскара.
Изговор: Само што бев на маникир
За средување на ноктите почнете да бирате долготрајни лакови.
- Едно од најдобрите решенија е ставање на гел во боја на ноктите. Ќе ви трае еден месец и ноктите ќе ви бидат цело време уредни и излакирани.
- Лакот со светки е многу попостојан од обичниот. Златниот или сребрен лак е совршен за празничниот период, а поинтензивните нијанси можете да ги носите преку цела година.
- Сега се многу актуелни налепниците со кои ќе бидете оригинални и ќе можете да вежбате не плашејќи се дека бојата ќе падне.
Изговор: Вежбањето лошо делува на мојот тен
Факт е дека потта и нечистотијата од вежбалната можат негативно да влијаат на вашата кожа, но тоа можете многу лесно да го спречите.
- Ако сте забележале дека на кожата ви се појавуваат мозолчиња по некоја физичка активност, веднаш по тренингот истуширајте се и измијте го лицето со блага пена. Доколку не сте во можност ова да го направите, обидете се секогаш во ташната да носите антибактериски, влажни мармачиња.
- Доколку тренирате надвор, може да се случи на лицето да ви се појават темни флеки од сонцето и ветерот. За да го спречите ова, задолжително мачкајте го лицето со крема со заштитен фактор.
- Постои можност да ви се појават ситни брчки околу очите бидејќи почесто се муртите поради напрегањето додека вежбате. Ова ќе го решите на тој начин што ќе обрнете внимание на тренингот и ќе настојувате да го опуштите лицето. Навечер може да користите крема против брчки за пределот околу очите.
Изговор: Вечер излегувам
Послушајте ги нашите совети и ќе имате време и за тренинг и за забава.
- По вежбањето измијте се со ладна вода или со коцки лед разладете го вашето лице. На овој начин ќе ја намалите температурата на телото и ќе престанете да се потите.
- Ако имате состанок со дечкото, задолжително по вежбањето истуширајте се набрзина.
- Можете набрзина да направите оригинална фризура така што ќе врзете високо опавче, а потоа на него ставајте шарени ластичиња на секои пет сантиметри додека не стигнете до врвот.
- За да го прикриете црвенилото на лицето кое може да се појави поради напорот, рамномерно нанесете лесна, течна пудра. За да го комплетирате изгледот, ставете кармин со понежна боја и маскара.

You must be logged in to post a comment Login