Неопрен е цврст материјал од кој се прават одела за нуркање и појаси за слабеење, така да овие костими ги прави многу флексибилни и погодни за вода. Освен тоа, многу брзо се сушат.
Доколку сакате да бидете во тренд, набавете ги овие костими од австралискиот бренд Triangle кои се направени од неопрен. Едностаниот и спортски стил, како и материјалот од кои се произведуваат е тајна на успехот на основачот на брендот, работниот и љубовен пар Ерин Диринг и Крег Елиза. Нивната успешна соработка почнала кога сватиле дека Ерин никако неможе да пронајде костим за плажа кој ќе и одговара на неа.







You must be logged in to post a comment Login