Заборавете ги дијамантите, кучињата и ташните, вагината е всушност најдобрата пријателка на секоја жена, односно нешто на што треба повеќе да се внимава. За здравјето на секој орган е важно да се живее што поприродно, односно да не се загрозува природната рамнотежа со разни хемикалии и постапки.
Постојат некои секојдневни работи и навики кои можат да го загрозат здравјето, а за нив не сме воопшто свесни. Најчеста грешка е претерувањето во хигиената, односно очекувањето дека вагината може и треба да мириса како ружи.
Водата е најдобро решение
Најголемиот мит е дека вагината треба да се мие со разни шампони, бидејќи така се придонесува за хигиената и подобриот мирис.
Експертите тврдат дека тоа е потполно погрешно, поради нешто покиселиот pH на слузницата. Се што ја нарушува природната киселост може да биде причина за воспаление, габи и слично. За миење најдобро е да се користи обичната вода.
Дневните влошки и тампоните се причини за инфекции
Козметичките препарати за жените денес доаѓаат во сите облици и големини, а производителите задоволно ги тријат рацете од заработувачките кои се наметнуваат како “неопходни”.
Реалноста е дека поголемиот дел од таквите работи се непотребни, па така секој гинеколог ќе ви каже дека постојаното носење на дневни тенки влошки, како и редовната употреба на тампони при менструација, не е добро.
Имено, тоа не овозможува проток на воздух, па е погодно за размножување на бактерии и настанување на разни воспаленија.
Тесните фармерки се погодни за габички
Уште една работа која не и овозможува на вагината да “дише” се тесните фармерки. Општо земено, подобро е да бирате облека која е со поширок крој.
Исто така, уште една работа која е лоша за женското здравје се неприродните материјали, како еластинот или пак синтетиката во гаќите кои ги заробуваат природните лачења на вагината. Најдобар избор секогаш е памукот.
Влажно, но не како што би требало…
Вагината по својата природа е влажна, а количината на “влага” зависи од периодот на циклусот, како и од состојбата на сексуалната возбуденост.
Во лето женското здравје е загрозено поради морската или базенската вода, бидејќи pH-то на вагината е природна бариера од надворешни течности, поради што костимите за капење не овозможуваат нормално сушење и создавање на влажна и топла околина.
Поради тоа во лето често настануваат габички и вагинални инфекции, чешање, пецкање…
Пробиотиците се сојузници на вагината
Избегнувањето на млечни производи како јогурт, е голема грешка ако сте жена. Имено, добрите бактерии во јогуртот и киселото млеко се најдобри природни сојузници на здравиот и урамнотежен бактериски статус во вагината.
Нивните дози треба да се зголемат ако сте на терапија со антибиотици.
Внимателно со детергентите и омекнувачите
Средствата за перење на облеката често се преполни со бројни хемиски состави чија задача е убав мирис, но не и вагиналното здравје.
Тие можат да го иритираат гениталното подрачје, па најдобро е да се бираат хипоалергиски средства за перење без мирис за чувствителна кожа, а со нив задолжително перете ја долната облека.

You must be logged in to post a comment Login