Спиењето на стомак може да предизвика дегенерација на кичмата, предупредуваат експертите од Универзитетот Сент Луис во САД.
“Никогаш не спијте на стомак. Изненадувачки голем број на луѓе не се ни свесни дека тоа е лошо за здравјето.
Освен што го уништува кичмениот столб, ваквиот начин на спиење го намалува и крвниот притисок”, објаснува докторот Адам Танасе.
Телото едноставно не ја сака таа положба. Вртењето на главата на овој начин, макар и на неколку минути, ги заморува лигаментите и мускулите околу кичмата.
Доктор Танасе им порачува на сите кои ја имаат оваа лоша навика, да се потрудат да ја променат навиката и да спијат на страна.

You must be logged in to post a comment Login