Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Од претерано конзумирање на алкохол се оштетува памтењето?

Студентите кои редовно претеруваат со конзумирањето алкохол ризикуваат да го загубат долготрајното памтење, велат научниците.

Резултатите од едно истражување покажаа дека конзумирањето на поголеми количества алкохол го оштетува хипокампусот кој игра голема улога во учењето и памтењето.

Мозокот е особено чувствителен на отровниот ефект на алкохолот на било која возраст, што значи дека и помладите кои сакаат да се напијат некоја чашка повеќе ќе имаат посериозни проблеми понатаму во животот.

Целта на истражувањето била да се открие дали учењето и памтењето кои се поврзани со хипокампусот, ќе претрпат последици како резултат на почести пијанства.

Во северноевропските земји веќе подолго време владее трендот на повремено опивање меѓу младите, а тој полека се прошири и во останатите делови од Европа, па затоа истражувачите се обиделе да откријат како тој тренд ќе влијае на тие луѓе во нивниот подоцнежен живот.

Нашето долготрајно памтење е поделено на два вида: декларативно- кое е памтењето на факти и процедурално- памтењето на работи кои физички треба да ги извршиме, како што е врзувањето на врвките од чевлите.

Научниците од Универзитетот Сантијаго де Компостела од Шпанија откриле дека опивањето има многу штетно влијание врз декларативната меморија на луѓето. Имено, студентите кои учествувале во испитувањето, а често конзумирале алкохол потешко памтеле факти од останатите.

Главното откритие била всушност јасната врска помеѓу опивањето и намалувањето на способноста за примање нови вербални информации кај здравите студенти.

Во истражувањето учествувале 122 шпански студенти на возраст од 18 до 20 години кои биле поделени во две групи- студенти кои воошто не пијат алкохол и студенти кои повремено се опиваат.

Потоа, била извршена невропсихолошка проценка која вклучувала логички подтест за меморија, за да се испита вербалната декларативна меморија и тестови за да се одреди визуелната декларативна меморија.

“Со ова истражување се воспостави појасна врска помеѓу почестото опивање меѓу младите и послабите резултати на нивните испити“, изјави докторката Марија Парада која го водеше истражувањето.

Најстрашно е тоа што студентите кои повремено се опиваат не се ни свесни за ризикот кој го преземаат- не само поврзан со сообраќајните несреќи, насилството или нарушувањето на јавниот ред и мир, тие ризикуваат да го оштетат и својот мозок.

Ова истражување ќе се спроведува и понатаму, при што долгорочно ќе се набљудува работата на студентите и нивните академски резултати.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement