Во долгите врски и браковите со текот на времето љубовта овенува па разделбите не се ништо невообичаено, бидејќи обврските, работата и динамичниот живот имаат лошо влијание.
Сепак може да се спасите од оваа ситуација ако сте подготвени за разгорување на старите љубовни искри. Ви даваме совети, кои ќе ви помогнат повторно да се вљубите во својот партнер.
- Допирајте се почесто и бакнувајте се љубовно и нежно.
- Спијте еден до друг и милувајте се како мали деца.
- Остајте ги сите технолошки уреди кога сте еден покрај друг, особено кога ќе си легнете во спалната соба.
- Обрнете внимание на неговите/нејзините желби.
- Пронајдете некоја заедничка активност, заминете на кино, шетајте се во природа или гответе заедно.
- Флертувајте кога сте сами и користете го секој момент за овие слатки и секси моменти.
- Одете на излет доколку немате финансиски средства за долги и далечни патувања.

You must be logged in to post a comment Login