Познатите го обожуваат овој тренд. Нека не ве загрижува прашањето дали хоризонталните пруги визуелно ќе ве прошират. Тие се апсолутен тренд и ова лето мора да имате барем едно парче со линии. Поеднакво се кул кога се носат на лежерните макси фустани, како и на секси кратките модели.
Дебелината на пругите и комбинацијата на бои се ваш избор. Ако сте доволно смели, комбинирајте различни шаблони во истиот аутфит. Кој вели дека не може да носите панталони со вертикални линии (за да нозете ви изгледаат подолги) и блуза со хоризонтални линии? Не само што е дозволено, туку е и препорачливо. Разгледајте ја галеријата и побарајте инспирација за опуштен секси летен стил на пруги меѓу ѕвездите.




















You must be logged in to post a comment Login