Иако објективно не можете да го контролирате она што го прави вашиот партнер, постојат начини да го намалите ризикот од прељуба.
Одржувајте блискост. Најдобра полиса за осигурување на бракот се блискост и пријателство. Многу истражувања покажуваат дека најголем број прељуби започнале како пријателства. Тоа значи дека на мажите им е потребна таквата интимност. Затоа поминувајте повеќе време во заеднички активности.
Често разговарајте. Ако неодамна станавте родители, или сопругот ви поминува низ тежок период на работа, поттикнувајте го да ви ги каже своите емоции, но и да ги сослуша вашите.
Одржувајте активен сексуален живот. Физичка блискост е подеднакво важна како и емотивната. Во разговор искажете ги своите желби и решавајте ги евентуалните недоразбирања и проблеми.
Давајте му поддршка. Било да се работи за здравствен или за деловен проблем, или за криза на средните години – разговорите за тоа и поддршката се многу важни за надминување на тешкотиите. Разбирливо, подеднакво разговарајте и за своите проблеми и дилеми.

You must be logged in to post a comment Login