Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

За 25 години нема да имаме секс, а причината е …

Доктор Дејвид Спигелхалтер тврди дека иако живееме во ера која никогаш не била повеќе сексуализирана отколку денес, всушност водиме љубов многу помалку отколку било кога.

Спигелхалтер е професор по разбирање на ризикот во Статистичките лаборатории во Универзитетот во Кембриџ кого како и повеќето луѓе го интересира сексот, но од малку поинаков агол.

-Нашите сексуални однесувања имаат длабоко влијание не само врз нашиот живот, туку и на тоа како е обликувано општеството, напишал Спигелхалтер.

Тој исто така открива дека последното истражување покажува дека Британците се` помалку уживаат во сексот.
-Иако живееме во ера која никогаш не била повеќе сексуализирана отколку денес, всушност водиме љубов многу помалку отколку било кога. Истражувањата покажуваат дека во последните три децении, возрасен Британец од  секс пет пати месечно дошол на ниво  да има секс три пати месечно, открива Спигелхалтер.

Логично е паровите кои живеат заедно почесто да имаат сексуални односи, но и во тој дел бројките паднале. Пред 20 години, жената која живеела со својот партнер имала секс со него шест пати месечно, додека денес тоа го прави четири пати во период од еден месец.

-Ако се продолжи овој тренд, може да се предвиди дека просечна личност во 2040 година нема да има сексуални односи, ја изнел црната прогноза професор Спигелхалтер.

Тој додал дека најзагрозените се оние луѓе на возраст измеѓу 25 и 34 години, кои иако се на врвот од сексуалната моќ, тоа воопшто не го искористуваат. Љубов водат три пати месечно, а еден од четворица признава дека немал секс еден месец.

Експертите веруваат дека се` повеќе работи ќе го одземаат нашето време, што значи дека сексот ќе ни станува помалку важен.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement