Стапувањето во брак за некои луѓе е нешто за што отсекогаш се чувствуваат подготвени, додека за други претставува вистинска перипетија. Сите имаме сомнежи и стравови, но тоа што ги прави луѓето различни е начинот на решавање проблеми. Секс терапевтот и брачен советник Трејси Кокс за Daily Mail ги откри најважните работи што се менуваат кога влегуваме во брачните води.
Без разлика на која возраст решите да стапите во брак, тој ќе успее единствено ако и двајцата партнери се сигурни дека имаат заеднички цели и желби кои сакаат да ги остварат со заеднички напори.
Луѓето кои во бракот се чувствуваат пријатно често повеќе им одговара семејниот живот отколку животните задоволства. Оние пак кои сакаат драматичност или опасност бракот го доживуваат како еден вид гушење или ограничување. Тие несвесно мислат дека пропуштаат големи работи во животот ако се во брак. Но, тоа што не треба да се заборави е дека луѓето со текот на годините се менуваат, така што одеднаш може да се случи пресврт и да започнат помирен стил на живеење.
Многуте студии покажале дека бракот на родителите остава голема трага на нашите видувања за бракот кога ќе се одлучиме на овој чекор. Ако сте биле доволно среќни додека сте раснеле во хармонично семејство каде јасно сте ги гледале родителите како уживаат во бракот, ќе ги усвоите истите вредности.
Но, и овде може да постојат замки бидејќи сте премногу млади и не можете да сфатите дека вашите родители добро функционирале бидејќи вложувале многу труд. Постои и спротивен ефект, децата од разведени родители често знаат да си постават за цел да имаат совршен брак од бајките.
Како и да е, за брак ќе бидете подготвени дури кога ќе ја сфатите вистинската позадина на врската меѓу вашите родители и она што вие го очекувате. Понекогаш некој може да ви се допадне поради начинот на размислување или животниот стил, а кога ќе започнете врска да нема доволно компатибилност. Бракот и врската бараат континуирана работа, а тоа е доволно тешко и без постојаните недоразбирање.

You must be logged in to post a comment Login