Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Зошто жените ја чуваат гардеробата која не ја носат

Ако и вие спаѓате меѓу оние жени со преполни плакари во кои најголем број од гардеробата е речиси нова и не ви е носена веќе подолго време, ќе знаете за што зборуваме.

Две третини од жените отворено велат дека ја чуваат облеката надевајќи се дека еден ден повторно ќе ја носат, иако се свесни дека шансите за тоа се минимални.

Од друга страна, една четвртина од жените во плакарите имаат гардероба во четири различни конфекциски броеви поради постојаните осцилации во тежината, а четириесет отсто од нив ја чуваат гардеробата која не им одговара бидејќи се надеваат дека ќе ги вратат килограмите кои ќе им овозможат повторно да ја носат.

Меѓутоа, има и други причини, па така една четвртина од жените не го фрлаат остатокот од облеката бидејќи скапо ја платиле, додека секоја осма намерно купила помал број со надеж дека ќе ослаби и ќе може да ја облече.

Секоја десетта жена облеката ја чува од сентиментални причини, бидејќи погледот на неа ги враќа на среќни моменти во животот.

Меѓутоа, психолозите тврдат дека чувањето на облеката која веќе не ја носите има лоши последици, бидејќи развивате чувство на носталгија и емоционална поврзаност кон гардеробата, а тоа не е здраво.

Затоа, исчистете го плакарот, поклонете гардероба некому и внесете нова енергија во вашиот плакар.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement