Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Како да препознаете дали вашиот пријател е вљубен во вас

Многу луѓе веруваат дека не постои пријателство помеѓу два различни пола. За жал оваа теорија понекогаш се покажува како вистинита. Иако вашето пријателство трае со години, не значи дека тој потајно не е заљубен во вас. Можеби не сака да ви признае, бидејќи се плаши дека ќе го расипе пријателството. За да бидете сигурни дали сте само пријатели или сака нешто повеќе, прочитајте ги овие 5 знаци.

Ги памети сите детали поврзани со вас

Дали тој прв ви го честита роденденот? Дали знае кој сладолед ви е омилен? Дали знае со колку шеќер го пиете вашето кафе? Ако вашиот пријател ги памети сите мали детали поврзани со вас, тогаш можно е да е заинтересиран за вас.

Генерално мажите, за разлика од жените, не обрнуваат внимание на детали. Доколку тој памети нешто што сте му го кажале пред неколку недели, па дури и вие самите сте заборавиле дека сте ја кажале таа неважна информација, тогаш тој сигурно има чувства за вас.

Му пречи ако имате состанок со негов пријател

Ако вашиот пријател нема никакви чувства за вас, ќе се потруди да ви организира состанок со некој од неговите пријатели, за кој претходно сте кажале дека ви се допаѓа. Но доколку има чувства ќе ве советува дека неговите пријатели не се добри за вас и ќе се потруди состанокот никогаш да не се случи. На овој начин тој сака да ве задржи само за себе.

Добивате подароци без посебен повод

Цвеќиња, бомбони, малечки украси…. Ако ви подарува работи без посебен повод, тогаш сигурно му се допаѓате. Ова значи дека често мисли на вас и се труди да ве изненади.

Ја чисти својата соба пред да дојдете на гости

Некои мажи сакаат да живеат во чист и уреден дом, па ако вашиот пријател е еден од нив, тогаш нема ништо чудно ако ја исчисти неговата соба пред вашето доаѓање, но ако знаете дека не педантен тип, а сепак неговата соба „свети” пред да дојдете и ви се извинува за останатиот неред, тогаш бидете сигурни дека се обидува да ве импресионира.

Сите други девојки ги нарекува пријателки

Сигурно ви е чудно што никогаш не ви кажал дека некоја девојка му се допаѓа или пак дека девојката со која ја поминал вечерта ја нарекува пријателка?! Ова е очигледен знак дека му се допаѓате. Не сака да ви даде до знаење дека во неговиот живот постојат и други девојќи освен вас.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement