Во рекламите често се појавуваат среќни парови со совршен живот а научниците велат дека тоа може лошо да влијае на слободните мажи и жени.
Истражувањето на Универзитетот Marshall School of Business покажало дека рекламите во кои среќните парови уживаат во својот совршен живот може озбилно да ја наруши самодовербата на слободните луѓето.
Студијата открила дека таквиот тип на реклами ги потсетува потрошувачите на односите кои им недостасуваат и притоа не го сакаат производот кој се нуди.
Кога луѓето кои се сами во реклама ќе видат среќен пар кој ужива во нешто, мислат дека не се достојни за него бидејки не се во врска, па не сакаат да го набават, објаснува психологот Lisa Cavanaugh доцент на Универзитетот Marshall School of Business.
Спротивно на популарното мислење за третманот на купување, се чини дека луѓет кои се помалку вредни трошат помалку пари, одбирајки поефтини и помалку вкусни т.е покалорични производи.
Не е за изненадување, самците се чувствуваат најлошо за време на празниците и сезоната на венчавки, кога во рекламите има посебен нагласок на љубовните односи и среќа во врската.
Поради тоа Cavanaugh нагласува дека маркетингот треба повеќе да размислува на тоа да се намали нагласокот на совршениот живот на луѓето кој се во врска и имаат семејство, бидејки со тоа ги одбиваат сите кои се сами.

You must be logged in to post a comment Login