Флуресцентни или неонски бои ги освоиа модните писти пред неколку години, кога “дискретно” почнаа да се појавуваат во форма на детали на креациите на познати брендови.

Минатото лето продавници се преплавиа со модни додатоци во весели бои, а оние похрабрите комбинираа неон и смели варијанти.

Доколку овој тренд ви се допаѓа, сигурно ќе ви се допадне фактот дека и оваа година, особено следниов период ќе биде обоен во ексцентрично весели бои.

Ако сеуште не сте сигурни дека неонски зелени панталони би биле најдобар избор за во канцеларија, додадете бразлетна или ѓердан во слична боја.

Неонски чевли или високи потпетици се одличен избор, особено бидејќи тие можат да се носат во полежерни варијанти.

Пролет е совршено време за промена, а ние укажуваме на тоа да оваа сезона пробате нешто различно во вашиот живот и може да внесете нешто повеќе весели бои.

You must be logged in to post a comment Login