Ракови, школки и морски алги…
Веќе го чувствуваме мирисот на морето? Добро, сеуште не но наскоро ќе биде. А нашата љубов према морето ја дели и модната индустрија која е на површината – како еден од водечките трендови на претстојната сезона, извадила морска инспирација.

Ова е една од модните приказни кои освојуваат со својата едноставност и која не е тешко да се реализира. Лесно, прозирно, опуштено… Ќе носиме минималистички бели и плави тонови, пругасти фустани, блузи и кошули, топови украсени со точки и морнарски симболи како сидро. Мали сини хаљини, џинс јакни и едноставни рамни сандали.

На време спремете некои од овие парчиња, доколку истите ги немате од претходните сезони. Опуштете се и уживајте.

You must be logged in to post a comment Login