Научниците откриле дека видот на храната која ја јадете пред физички и ментален напор има директно влијание на вашето здравје.
Стручњаците од Универзитетот во Нотингем велат дека појадокот со низок гликемиски индекс (GI) во комбинација со сок од јаболка, му помага на телото да ги разбие мастите подобро. Според тоа, најдобро е да го започнете денот со житарици и сок од јаболка.
Студијата која ја води др. Ема Стивенсон, се занимава со здравствената состојба на младите кои појадуваат одредена храна. Прво им дале појадок кој предизвикува раст на гликоза во крвта – корнфлекс и млеко, бел леб и џем и газиран, засладен пијалак.
Потоа им дале храна со низок GI индекс, а со тоа двата појадоци имаат исти калории, јаглени хидрати, масти и протеини. Појадокот со низок индекс на GI се состоел од мусли, млеко, компот, бисквити, јогурт и сок од јаболка.
Три часа после доручекот, младите посветиле еден час на трчање.
Од анализите, истражувачите откриле дека плазмата на слободните масни киселини – кои ја покажуваат количината на масти кои телото ги користи за енергија – почнуваат да растат два часа после појадокот со низок индекс на GI и дека во тој случај поголема концентрација значи и брзо согорување на масните наслаги во телото.
Заклучиле дека со консумирање на појадок со низок индекс на GI се зголемува оксидацијата на масти и додека одмараме и додека вежбаме, а при тоа сето тоа влијае на апетитот, бидејќи испитаниците се чувствувале сити повеќе време после јадењето на ваков вид храна.

You must be logged in to post a comment Login