Во комбинација со медот циметот се користи како лек и мирисен зачин во слатките јадења, но и во фрапеа, млекото и во пијалоци со кафе. Го намалува ризикот од болести на срцето и дијабетесот, а помага и во слабеењето.
За да го спремите миризливиот зимски пијалок, топлата вода со додаток од лажичка цимет и ѓумбир, оставете нека одстои 10 минути па додајте лимонов сок и мед. Магичниот зимски пијалок ќе биде готов за миг.
За погигнување на имунитетот сомелете бадеми со ленено и сезамово семе, додајте јаболко, мед, млеко и цимет и се измиксирајте во блендер. Топлата чоколада измешана со млеко и слатка павлака зачинете ја со арома на цимет и чили.
Зачинета топла чоколада – Состојки: 1,24 dl млеко, 6 dl слатка павлака, 2 мали лажички шеќер во прав, прстофат цимет во прав, малку мелени ораси, 250-300 gr чоколадо за готвење, простофат чили во прав.
Млекото и слатката павлака загрејте ја до вриење непрестајно мешајте ја смесата додека не се направи голема пена. Кога ќе зоврие, додајте го шеќерот во прав, циметот, орасите и чоколадото. Мешајте на мал оган додека чоколадото не се растопи. Мешавината сипете ја во загреана шолја зачинете ја со чили и послужете ја.
Топол пијалок со рум и цимет – Состојки: 5 јаболки, 5 dl јаболков сок, 2 dl црн чај, 2 dl свеж процеден сок од портокал, 3 лажици мед, 2 лажици кафен шеќер. 1 ½ dl сок непроцеден сок од портокал, 4 парчиња кори од цимет, 2 dl рум, цвет каранфил и прашест анасон.
На јаболките одсечете им го врвот и издлабете ги со нож. Спремените “чаши” капнете ги внатре со лимонов сок. Направете го црниот чај па измешајте го со мед, сокот од јаболко, портокал и останатиот лимонов сок. Оставете ги сите состојки малку да провријат, а пред крајот додадете цимет, каранфил и анасонот. Оставете малку да се олади па истурете го и румот и помешајте малку. Сипете го пијалокот во спремените јаболки.

You must be logged in to post a comment Login