Никој нема беспрекорен стил. Добро, освен Сем Оливије Палермо, Амал Аламудин, Миранда Кер….и уште неколку дами кои на нас безброј пати покажале дека ретко кога ќе направат грешка, а оние катастрофалните никогаш. Сепак треба да сеи ма на ум дека големиот број на жени кои важат за најдобро облечени, имаат армија на стилисти и модни експерти кои секојдневно ги советуваат, градејки го нивниот стил.
Неколку познати стилисти констатирале кои се најчестите грешки кои голем број од жените ги прават.
- Носите облека која не ви одговара – Пронајдете го најдобриот можен дизајнер или бренд чиј модел ќе ви одговара. Скратите ги панталоните, прекројте го фустанот, стеснете ја кошулата или спуштете ја до колк за подобар изглед. Важно е на вашето тело да одговара кројот на моделот инаку нема да ви вреди ни материјалот, ниту пак марката.
- Неприкладна облека за сезоната/времето – Наместо во зима да шетате бели хаљини со цветен дезен, бирајте позгасната палета за есента или зимата. На вас многу подобро а и понормално ќе изгледа доколку сте облечени во волнена хаљина со бордо боја отколку свилена со кратки ракави во светло жолта боја. Ист е случајот и со чевлите. Сандали никако во зима и обратно, чизмите на таванот во текот на летото.
- Носите нешто во кое не се чувствувате удобно и пријатно – Самодовербата е најдобар можен аксесоар која жената може да го носи. Затоа е секогаш подобро да облечете некои удобни чевли со стабилна пета отколку секси салонки на тенка штикла кои вас ритоа ве стегаат. Истиот случај е и со облеката. По одењето, ставот како и изразот на лицето може да се види дали облеката ви одговара, односно дали вам ви е удобно, комфортно и пријатно во неа.

You must be logged in to post a comment Login