По кралската смарагдно зелена и вибрантни орхидеи, бојата која ја одбележале 2013 и 2014 година, редот е дојден за изборот на нијанси кои ќе бидат прав хит во модниот свет во 2015. Во приказната влегува познатиот институт за боја Пантон, кој го прогласи Марсал за кралица оваа година.
Пантон нијансите Марсал ги опишува како земјена боја на вино збогатена со нашиот ум, тело и душа. За разлика од своите претходници, Марсал е нешто суптилен во изразот на топлината, која ни е многу драга во есенските и зимските месеци.
Богатата црвенкаво-кафена нијанса сепак не е некоја новост, бидејки во последните месеци учествувале и биле гледани холивудските џет-сетерки во овие нијанси. Бојата Марсал наскоро ќе може да се пронајде баш секаде, а освен на облеката на познатите шопинг улици, Марсал ќе се најде и на шминкерските колекции, која Пантон ги припремил со Сефора.


You must be logged in to post a comment Login