Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Зошто не ви треба убав маж?

Повеќето мислат дека убавината е најважна кај еден човек, но, дали навистина ви треба убав маж?

Има доста сличности помеѓу убавите мажи, како позитивни, така и негативни. Но, сега ќе зборуваме за вторите и за тоа зошто не ви треба убав маж.

Да почнеме со тоа, дека убавите мажи се суетни и секој ден по неколку пати влегуваат во улогата на злата маќеа, говорејќи со огледалата дома, во салата, во лифтот на работа, во соблекувалната во трговскиот центар. А дури и да не се суетни, жените не сакаат да се чувствуваат надминати по надворешност од партнерот.

За убавите мажи изгледот често се претвора во најважно нешто во животот, се грижат за него и партнерката никогаш не добива внимание. А жените првенствено сакаат внимание.

Убавината и високиот коефициент на интелигенција не секогаш одат рака под рака. Па може да се вљубите во многу убав, но премногу глупав маж.

Убавите мажи со висока самодоверба се сметаат себеси за совршени, а сите околу нив им бледеат. Често убавината е причина за доста ароганет, презирачки и злобен однос кон луѓето кои не се толку убави. Или пак другото сценарио е да си бараат само убави половинки или да се стремат да ја доведат инаку не толку убавата партнерка до совршенство.

Малку успешни и богати мажи се убави, а жените бараат безбедност во животот, има и такви кои се вистински златобарачки, но идејата е една – убав маж не ви треба.

И непознато е како и зошто, но често убавите мажи се хомосексуалци.

Всушност што е убавината? Веројатно, која жена и да прашате, ќе ви каже дека нејзиниот маж е неверојатно убав во нејзините очи. Секој поседува нешто (дали надворешни или внатрешни црти), што го прави убав, и е видливо само за оној кој е заљубен.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement