Дали некогаш сте чувствувале дека треба нешто да направите бидејки животот ви зависи од тоа? Тоа е вашата интуиција. Оние кои веруваат во својата интуиција, не само што живеат со исполнет живот, туку веќе се и посигурни. Размислете за луѓето кои ги познавате, а кои успеале да избегнат многу опасни ситуации.
Доколку не сте научиле да го слушате вашиот внатрешен глас, ви откриваме како да го сторите тоа.
Размислете за своите врски – свртете се на сите важни врски во својот живот, од љубовен до пријателски. Интуицијата најдобро ќе ја слушнете кога сте сами во мирна просторија.
Чувства – Понекогаш чувствата кои надоаѓаат не сакаме да ги признаеме ниту на самите себе си. Многу жени пред да отркријат дека партнерот ги изневерува, често чувствуваат дека во нивната врска нешто не е во ред. Покрај тоа, независно дали станува збор за работа или љубов, доколку вашиот внатрешен глас ви вели дека нешто не е во ред, следете го на време. Негативните чувства често ги негираме бидејки се плашиме од нив, се плашиме од тоа што би можеле да откриеме.
Направете потег – Многу жени кои се во врска со насилни партнери веруваат дека интуицијата ќе им помогне да сватад кога е право време да го прекинат таквиот однос. Но, тоа не е доволно. Интуицијата треба да ја слушате на време и да направите потег. Кога ќе биде доцна, интуицијата можеби повеќе нема да ви биде од помош.
Секојдневни одлуки – Понекогаш најдобро што можете да направите е верување на чувствата. Доколку не сте потполно задоволни од одлуките кои ги донесувате секојдневно, независно дали е за вашата работа, семејството или љубовта, верувајте на интуицијата.
Верувајте на чувствата – Никогаш нема да дознаете колкаво влијание интуицијата може да има на вашиот живот, доколку не ја слушате. Тоа, всушност и не е тешко. Секоја одлука или постапка која наизглед ја прави исправна, но нешто ви кажува дека е погрешно, важно е да ја преиспитате. Со тоа, послушајте ја интуицијата додека имате време за да можете нешто да промените.

You must be logged in to post a comment Login