Ова е непишано љубовно правило! На крајот на краиштата, кој сака да биде сам во најромантичниот период од годината и кога стрелките на часовникот ќе се поклопат наместо да се прегрнете и да ја бакнете саканата личност, да се замислувате каде е и со кој е и дали мисли на вас?
Сепак, раскинувањето во периодот на новогодишните празници и не е така лоша идеја како што на прв пат изгледа. Експертите за врска тврдат дека е многу поштено да се раскине отколку искалкулирано да се почека да помине Нова Година за на партнерот да му кажете збогум.
Во секој случај, ако водите сметка за празниците, можете да останете во врска и многу подолго отколку што сакате, бидејки по овие празници следува и Велигден, па потоа годишните одмори… Нема правилно време за прекинување на врската. Срцето ќе ви биде скршено кога и да го сторите тоа, па затоа е најдобро лошата врска (доколку ја имате) да ја завршите што е можно поскоро.
За другата страна можеби е ова и најдоброто време за да биде оставена. За време на празниците луѓето се сентиментални, романтични и многу поотворени кога станува збор за запознавање на нови личности. Можеби баш и вие така праќате љубовни стрели и да го споите бившиот партнер со љубовта на неговиот живот.

You must be logged in to post a comment Login