Народната помош често знае да биде навистина ефикасна, а овој е напиток кој секој може лесно да си го подготви дома, а значајни резултати се забележуваат за неколку недели при секојдневна консумација.
Состојки:
2 литри вода
1 грејпфрут
1 излупена мандарина или портокал
1 цеден лимон
1/2 излупена краставица (не е задолжителна)
неколку свежи листови нане коцки мраз.
Подготовка:
1. Овошјето и зеленчукот, исчистете ги, а потоа изгмечете ги (или изблендирајте ги) и ставете ги во садот со водата.
2. Додајте го нането, а коцките мраз може да ги додадете и пред самата консумација.
3. За најдобар ефект оставете напитокот да постои барем 2 часа.
Напитокот консумирајте го во текот на целиот ден по малку.

You must be logged in to post a comment Login