Холивудските романтични филмови не натераа да се заљубиме во идејата за вистинска љубов. Повеќето луѓе сонуваат дека постои некој таму некаде, можеби далеку, а можеби близу, кој е единствен – личност која единствено ќе може да ја исплни празнината во срцето – вистинската љубов, единствената и една сродна душа.
Сите ние порано или подоцна сме почувствувале нешто што не натерало да се загледаме во некоја личност со голем прашалник над главата, прашувајќи се дали ТОЈ или ТАА е оној вистинскиот?
Mоже ли навистина тој да биде оној ВИСТИНСКИОТ?Aко сакате да фантазирате и мечтаете, тогаш сте еден чекор пред објектот на своите желби. А тоа е проблем. Додека вие се прашувате дали е таа/тој оној што сте го чекале сите години, истовремено нему едноставно можеби само му се допаѓате но не ја распарува главата со такви дилеми?
Соберете се! Ќе ви треба време за тоа да го откриете, но на прв поглед или во првиот миг, многу тешко.
Постои шанса навистина да сте пронашле сродна душа, но тука постои и проблем! А тој гласи:сите ние имаме повеќе од една сродна душа. За жал може да се случи тој/таа веќе да е со некоја друга сродна душа. Во таков случај најдобро е да ја оладите главата што ви е вжештена потсетувајќи се на онаа позната мисла на Ричард Бах “Aко го сакате некого, дајте му слобода, оставете го да оди. Ако се врати твој е, а ако не се врати, не бил и не требало да биде.”
Но, сте го запознале. Добро. Почнувате да обраќате внимание на се што е во врска со него. Би сакале и тој што побрзо да сфати дека вие сте неговата сродна душа со која ќе е среќен. Но и сами знаете дека во животот не е дефинитивно така. Знаете дека ако не ви е судено – тоа нема да ви се случи, колку и да сонувате за тоа.
Убаво е да се сака и да се чувствува припадност кон некого, но сепак не заборавете – вие сте најважната личност за самите себе и ако изгубите една сродна душа, сигурно наскоро ќе пронајдете друга. Само отворете го срцето и верувајте, а вистинската љубов познато е, секогаш доаѓа кога најмалку ја очекуваме. Вистинската љубов се препознава токму по сродноста на душата, а се друго било вљубеност, страст, импресионираност, восхит…се само не вашата сродна душа! Една од неколкуте на светот!

You must be logged in to post a comment Login