Време е да заборавите на тие пилули, храната е одлична работа! Може да ви помогне да бидете здрави, во форма па дури и помнењето и концентрацијата да ви бидат подобри.
Зелен зеленчук
Докажано е дека зеленчукот, посебно оној со зелени листови помага во менталните способности, а за забележливи позитивни дејствија ваков зеленчук би требало да конзумирате секојдневно. Спанаќот на пример е идеален за ручек или вечера.
Житарици
Житариците се одличен избор за појадок кој може да ви помогне да се концентрирате. Ваквите житарици можете да ги јадете со млеко или јогурт.
Кафе
Да да, верувале или не, кафето е навистина добро за вашиот мозок. Ефектот кој кафето го врши е посилен кај мажите отколку кај жените, а ќе ви помогне побрзо да размислувате.

You must be logged in to post a comment Login