Доколку сакате визуелно да ги издолжите вашите нозе, носете чизми над колена, а пак во модел до пола лист, нозете ќе ви изгледаат пократки
Ако сте високи и витки, неморате многу да мислите: секој модел добро ќе ви стои, било да облечете мини здолниште, фустан до колена, тесни фармерки или хеланки. Доколку не сте свесни колку вашите нозе се долги и убави тогаш „скратете ги” со модел до пола лист.
Јасно ви е дека истиот модел не е за пониски луѓе, за кои идеални се чизмите до колена, ама само припиени на ногата.
Со чизмите над колена визуелно ќе ги издолжите нозете, но никоко не носете ги ако имате пошироки колкови.
Немојте да носите чизми над колена со висока потпетица преку ден освен ако не учествувате на некој маскенбал, каде ќе бидете жена-мачка од истоимениот филм!

Кратките чизми, кои сега се баш популарни, посебно ако се рамни и со нитни, одлично се комбинираат со фармерки, панталони, хеланки и тесни фустани и здолништа. Удобни се, а ефектни, така да се одлично решение кога ќе морате, од работа или факултет, да продолжите во ноќен живот.
Како мачорот во чизми ќе изгледате ако чизмите кои се превиткуваат преку колено ги носите со хеланки. Тие подобро одговараат со тесни пантолони или шорц од штоф, плиш или сомот.
Чизми какви што носеше Петар Пан можете да ги облечете со тесен фустан или здолниште со било која должина. Тие подобро им прилегаат на лицата со потенки нозе, а никако не одговараат за дамите со подебели листови на нозете.
Дека „чизмата ја чува главата” знаеме сите, ама тоа не е единствената функција на овие обувки. Во нив треба да изгледате убаво на работа, да ви биде удобно и топло за време на шетањето.

You must be logged in to post a comment Login