Авторот на студијата Др. Шарон Рабиновиц од УИниверзитетот Хаифа во Израел изјавил дека супстанците и лековите кои моментално се користат за откажување од пушење не даваат најдобри резултати и прават нус појави кои не се лесни.
Резултатите покажале дека недостатокот на омега – 3 масните киселини оневозможуваат комуникација меѓу нервите одговорни за чувство на задоволство и среќа. Тој недостаток влијае на подрачјето на мозокот кој е одговорен за чувството на награда и донесување одлуки, а многу се важни за зависност, па така недостатокот на омега-3 масните киселини го отежнува телото на пушачот да се соочи со копнежот за друга цигара.
Кај испитаниците кои 30 дена кунзумирале омега-3 масни киселини се намалила желбата за цигари од 11% – иако не се прашани да ги променат своите пушачки навики.

You must be logged in to post a comment Login