Пријателите служат да бидат поддршка, второ семејство, личности со кои преживувате и убаво и лошо, со нив може да се смеете, а што е најважно имате можност сами да ги изберете.
Кога станува збор за женски пријателства, на секоја девојка и се случило понекогаш да се “изгори” со лажна другарка. Верувале или не постојат различни категории за женски пријателства.
Чирлидерка – Таа стои со вас и покрај се и тука е да ви помогне кога ќе паднете. Таа ја нуди својата безусловна љубов, поддршка и ве прифаќа вас во потполност.
Пророк и водич – Ова се две пријателства во едно. Она ќе ве подзапре кога ќе поминувате низ оган и ќе ве натера да ја разберете одговорноста за своите постапки, но исто така ќе ви ја каже и висината во лице помогнувајки да го пронајдете правиот пат.
Комичарка – Покрај себе мора да имате и некој која искрено ќе ве насмее. Треба да одбегнувате некоја која шири негативна енергија и да бидете во опкружување со оние за кои и најлошите моменти во животот може да го преживеат со насмевка на лицето.
А овие неколку не ги сакате во животот…
Кориснички – На неа не сте и потребни, она не се грижи за вас, се што и е важно е нејзиниот план, во кој ве сместува во истата категорија како и својот работен клиент.
Тајни непријателки – Пасивно и агресивно однесување е едноставното најлошо нешто, а тоа е всушност личноста која ви глуми пријателка и другарка.
Ужива во вашето патење – Бегајте од вакви жени кои се хранат со вашиот неуспех и во тоа ја пронаоѓа нејзината среќа. Ако сватите дека имате покрај себе која ужива во вашето патење отколку среќа, во неа нема ништо добро и тоа на вас едноставно не ви е потребно.

You must be logged in to post a comment Login