За да направите масло од невен, оберете го во доцното претпладне или пред самото пладне и тоа отворените цветови на невенот и неколку листови. Исечете ги цветовите и листовите со ножици и ставете ги во широка тегла.
Прелијте со сончогледово или ладноцедено малиново, сусамово или бундевино масло, затворете ја теглата и ставете ја на сонце и топло место. 1 чаша масло – на една чаша цветови од невен.
Теглата нека стои на сонце 4 до 5 недели. Одвреме навреме промешајте.
По тоа, маслото процедете го низ стерилна газа и чувајте го во стаклено шише на темно и суво место.
Внимание: Невеното масло знае да оксидира. Секогаш кога земате масло од невен проверете да не ја променило бојата или густината, бидејки тогаш ја изгубила лековитоста.

You must be logged in to post a comment Login