Луѓето од секогаш трагале по еликсир за долговечноста, напитоци и храна кои го продолжуваат животниот век. Иако човековиот животен век значително е продолжен во однос на раниот период во историјата на човештвото, сепак староста сите нè чека и е неизбежна (барем засега). Стареењето, меѓутоа, не дејствува еднакво на секој поединец – некој на 40 години изгледа стар ии е полн со брчки на лицето, друг на 60 изгледа како да има 40 години. Некој е витален и има добро здравје и во поодминати години, други прерано венеат. Слабеењето на видот, заборавноста, остеопорозата, срцевиот удар и други заболувања најчесто ги поврзуваме со годините и староста, но истражувањата покажуваат дека годините не се секогаш виновни, туку за тоа се ,,заслужни,, генетските предизпозиции, слабата физичка активност, и во голема мера ЛОШАТА ИСХРАНА.
Како вкусни оброци за долговечност се оние кои сигурно веќе сте ги слушнале:
*Појадок од житарки со јогурт, или варен зеленчук со малку исецкано костенливо овошје или парчињата интегрален леб премачкан со путер од кикиритки. Конзумирање на многу овошје и зеленчук, и пиење многу вода.
А еве и еден проверен јапонски рецепт за долговечност, кој секако делува само доколку редовно го користите:
– половина филџан вода
– 1 лажица јаболков оцет
– 2 лажици мед
– 20 капки лук
– половина лажиче џумбир во прав
– 1 лажиче алое
Се пие секое утро. На кого не му одговара лук, може да го замени со 20 капки глог, а алоето може да се замени со коприва.
Без обзир на тоа на која возраст сте, бидете си себе си добар пријател.

You must be logged in to post a comment Login