Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

3 најчести причини зошто не болат дојките

Чувствителните дојки не мора да бидат причина за некој сериозен проблем ниту причина за паника. Откријте кои се најчестите причини за чувствителност на ова подрачје од женското тело и како да ги ублажите непријатните симптоми:

 1.КОГА СТЕ ВО ПМС

Најчестата причина за чувствителни дојки е предменструалниот синдром, односно, хормоналната промена во телото која е нормална со доаѓањето на менструацијата. Промените во нивото на естрогенот во телото обично се манифестираат со зголемување и пречувствителност на дојките неколку дена претходно, и првиот ден од менструацијата.

Оваа циклична болка секако треба да престане откако ќе заврши менструацијата, а може да се смири со консумирање на контрацепциски пилули (кои го одржуваат нивото на естрогенот стабилно). Уште подобро, можете да ставате облози од листови со зелка.

2.ПРЕТЕРУВАТЕ СО ВЕЖБАЊЕ

Сте запнале да го зајакнете горниот дел од торзото во теретана, па сте започнале со дигање тегови и класични склекови? Ако чувствувате болки во пределот на градниот кош, вас всушност не ве болат дојките. Ве болат пекторалните мускули.

Овој вид на болка треба да се третира како и сите останати проблеми со воспалени мускули: таблети против болка и топли облози.

3.НОСИТЕ ЛОШ ГРАДНИК (БРУСХАЛТЕР)

Долната облека со неодговарачка величина може да штети на здравјето на вашите гради. Ако градникот ви е претесен, а корпите премали, веројатно трпите големи болки во текот на денот, затоа што жицата непријатно ви се забодува во дојките и ги надразнува.

Ако пак имате преширок градник, би можело да имате слични проблеми.

Совет плус: Чувствителните дојки се вообичаена појава кај жените и обично трае неколку дена. Меѓутоа, ако ниедна од горенаведените причини не одговара на вашата специфична ситуација, а болката не престанува, најдобро е да посетите лекар. Не го заборавајте и самопрегледувањето како и редовната контрола на мамографија.

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement