Сите различно се потиме поради стрес, жештина или вежбање, а секој вид на пот има карактеристичен хемиски состав. Таа на пример, „мирисот“ од стресот е најнепријатен.
Дерматолозите препорачуваат дезедорансите да се менуваат на секои шест месеци, за да не се навикне телото и да престане да реагира на него. Најдобро средство за спречување на непријатните мириси под пазувите е дезедоранс во вид на стик. Доколку сте алергични, можете да си направите и сами, од разно уље и екстракти со антибактериско дејство.
Жолтите дамки на облеката се појавуваат поради реакциите на алуминиум со пот, облека или прашок за перење на алишта. Затоа внимателно прочитајте ја декларацијата за да проверите дали оваа состојка се наоѓа во вашиот дезедоранс. Немојте да претерувате ни со користењето на антибактериски сапуни и купки, предупредуваат дерматолозите. Ако често ги миете деловите на телото кои имаат најинтензивен мирис на пот, ја сушите кожата, што само го засилува потењето.
Посебните дезедоранси за жени и мажи, всушност се само маркетиншки трик, затоа што состојките се исти, а единствена разлика е во амбалажата и мирисот.

You must be logged in to post a comment Login